
Фризурата на Дончиќ предизвика хистерија: Ист си како Лојд од „Глуп и поглуп“ (ФОТО)
Така беше и со фотографијата што самиот кошаркар ја објави од бербер, на која личи како еден од двата главни лика во култната комедија „Глупавиот и поглупавиот“. Таа предизвика хаос на Твитер и илјадници споделувања и коментари, бидејќи Лука навистина изгледа смешно, а дополнително задевања доби поради фактот што игра шах додека му ја средуваат фризурата.
Но, на крајот сето ова испадна шега, а берберот на Дончиќ покажа дека е мајстор, откако кошаркарската ѕвезда ја објави фотографијата од крајната фрузира, која апсолутно нема никаква поврзаност со претходната налик на Лојд од споменатиот филм, кој го игра легендарниот актер, Џим Кери.