Фејсбук сака од животот на Роналдо да направи – реално шоу

Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, кој се наоѓа пред трансфер во италијански Јувентус добил официјална понуда од најголемата социјална мрежа Фејсбук, низ 13 епизоди неговиот секојдневен живот да биде прикажан како реално шоу.

Роналдо е еден од најпопуларните светски спортисти, мамец за медиумите, гледачите, но тој на секој начин се обидува да ја скрие својата приватност и во најгоем дел успева во тоа. Но, сега Фејсбук сака секојдневниот живот на Португалецот да и го претстави на светската јавност, па затоа и челниците на оваа социјална мрежа сакаат да направат реално шоу од животот на Роналдо и веќе му пратиле конкретна понуда.

Станува збор за снимање на 13 епизоди за кои се подготвени да платат десет милиони долари, па сега сето ова е во фаза на преговори. Претходно вакви реални шоуа имале Том Брејди и Михаел Страхан.

Освојувачот на „пет златни топки“ е најпопуладна личност на Фејсбук со 120 милиони следбеници на официјалниот профил, па не е ни чудо што од оваа компанија сакаат да ја искористат славата на Роналдо.