Ѕвезда на Јунајтед бесне урла на камерман: Еве ти, снимај ми го пенисот (ВИДЕО)

Деновиве во Англија е актуелна видео-снимка на која се гледа како ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, урла на снимателска екипа, која ги следела неговите соиграчи Фред и Алекс Телес, кои доцнеле на тренинг поради снимање на реалното-шоу „Еден ден во животот на професионалните фудбалери“.

Порталот „Гоал“ не е сигурен кога е снимено видеото, но верува дека Португалецот не требало да биде дел од емисијата, поради што им викал на соиграчите дека „се тука да играат фудбалер, а не да глумат филмски ѕвезди“.

Нешто подоцна се слуша како Фернандеш ѝ вика на екипата да го „снимаат неговиот пенис“, по што Фред и Телес му возвраќаат да се смири.