Две жени предизвикаа скандал на трибини додека Ѓоковиќ го „мелеше“ Медведев (ВИДЕО)

Австралијан опен го доби својот шампион и тоа повторно беше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го совлада Данил Медведев во финалето, но мечот го одбележа и еден скандал на трибините.

Во текот на вториот сет мораше да реагира обезбедувањето за да изнесат две жени кои почнаа да прават проблеми на трибините и се појавија со чудна порака за која не е засега познато на што се однесуваше.

„Ослободете ги сите“, беше пораката на една од жените.