Дибала ја изневерил девојка му, а оваа си ги собрала парталите и го напуштила!

За Пауло Дибала не е грижа само минорниот настап на Светското првенство и безначајната минутажа во аргентинската селекција или, пак, иднината во Јувентус. Очигледно си има и приватни проблеми, кои, за волја на вистината, сам си ги „надробил“.

Дибала останал без неговата девојка Антонела Кавалиери. Таа едноставно си заминала, а потоа за јавноста ја соопштила нејзината вистина.

„Популарноста и девојките со кои беше Пауло, додека бевме во врска, ја уништија нашата љубов. Секогаш негираше дека има афери, а по некое време престанав да му верувам, се спакував и си заминав“, вели Антонела.

Кој знае, можеби токму раскинувањето со неа е дел од причината што Дибала играше малку на СП и не се избори за минутажа. Кога веќе го напуштила девојка му, можеби ќе се реши за целосна промена на животот, особено што му се укажува шанса да си оди од Јувентус, поради потенцијалното доаѓање на Кристијано Роналдо. Најсилно заинтересирани се Баерн и Ливерпул.