„Дејли Мејл“: Пике е во љубовна врска со 23-годишна студентка (ФОТО)

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се раздели со атрактивната пејачка Шакира пред два месеци, а како причина се споменуваше неверството на Шпанецот, кој не чекаше долго за да си најде нова девојка.

Пике наводно е во љубовна врска со 23-годишната студентка, Клара Чиа Марти, со која се запознал во неговата продукциска куќа „Космос“.

„Дејли Мејл“ пишува дека Пике и претходно имал состаноци со студентката, но засега нема потврда од страна на фудбалерот.

Новиот љубовен пар, наводно, бил фотографиран уште пред некој месец во Шведска, а тогаш медиумите се обидоа да дознаат за која девојка станува збор, но не успеаа.