Да не се оженеше со Карлеуша, ќе играше во Реал Мадрид!?

Во гостување на една телевизија, српската пејачка Јелена Карлеуша призна дека има проблеми во бракот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.

Меѓу другото, откри дека тој ја обвинува неа затоа што не направил уште поблескава кариера бидејќи е сигурен дека такво нешто било возможно.

„Се трудам да не останам дома сама со него. Тој еднаш ми рече дека ако не се оженел со мене, ќе играл во Реал Мадрид. Смета дека не сум била добра за него иако јас мислам дека имаше добра кариера“. откри Карлеуша.

Тошиќ е поранешен српски репрезентативец, за националниот тим забележа 26 настапи, а во кариерата играше за: ОФК Београд, Сошо, Вердер, Портсмут, КПР, Црвена Звезда, Бетис, Генчлербирлиги, Бешикташ, Гвангжу и Касимпаша.