Брутална тепачка меѓу навивачите на Реал Сосиедад и Бенфика (ВИДЕО)

Пред натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Бенфика во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) се случи сериозен инцидент меѓу навивачите на двете екипи.

Хулиганите од Португалија ги нападнале домашните навивачи, но кога забележале дека се помалку на број почнале да бегаат, а неколку од нив паднале при обидот за бегство, по што биле претепани.

Шпанските медиуми пишуваат дека најмалку седум навивачи на португалската екипа завршиле во болница, а полицијата досега привела три лица.