Британска олимпијка сака на ЗОИ 2026, за да собере пари продава - голи слики и видеа!

Британската олимпијка Елси Кристи, трикратна светска шампионка во брзо лизгање поради повреда на лигаментите на коленото ги пропушти Зимските Олимписки Игри во Пекинг годинава, но веќе си зацрта цел за ЗОИ 2026 и поради тоа отвори профил на „Онли Фанс“ за да продава свои голи слики и видеа и да заработи пари за својата цел.

Кристи ги продава фотографиите и видеата (18+) за 12,5 евра месечна претплата, а сето ова доаѓа само три месеци откако објави крај на кариерата, па се премисли и си постави цел да се најде на ЗОИ за четири години.

Следните Игри се во Милано и Кортина Д'Ампецо, а Елси посочи дека мора сама да се финансира и развила план како до тоа да дојде најлесно – да се соблекува гола.

Инаку оваа олимпијка и екс-светска шампионка ја шокира цела Велика Британија со автобиографијата пред една година, кога објави дека била силувана и до детал опиша сѐ што се случувало на своите 19 години кога се случило сексуалното злосторство.