Се сеќавате на Бразилецот Режиналдо (37), фудбалер кој играше во италијанското Калчо носејќи ги дресовите на Фиорентина, Парма, Удинезе и Сиена? Сега е третолигашки фудбалер, игра за Катанија, а веќе низа години игра во ниските лиги.

Овој Бразилец има вртоглав пад во кариерата, а за тоа јавно ја обвини својата поранешна девојка Елизабета Каналис, една од италијанските секс-бомби, која му беше девојка и на легендарниот Кристијан „Бобо“ Виери, како и на еден од најголемите холивудски заводници Џорџ Клуни.

Режиналдо и Каналис биле во врска само седум месеци, ама откако ја завршиле љубовната авантура, формата и кариерата на фудбалерот тргнале во ептен надолна линија, па сега за италијанските медиуми се пожали дека Каналис е виновна за сето тоа.

„Се запознавме на еден роденден на мојот екс-соиграч Бернардо Коради. Таа знаеше кој сум јас, јас знаев која е таа. Едноставно таа ноќ еруптираше меѓу нас. Арно ама, таа ме остави. Таа беше која си замина, а во медиумите јас станав повеќе 'познат' како дечкото на Каналис. И сето тоа ми одзема нешто многу во фудбалот. После тоа сите директори на фудбалските клубови ме гледаа како човек кој повеќе сака жени одошто фудбалот. Накратко, таа љубовна приказна ми ја урна кариерата“, рече Режиналдо.

Каналис од 2014 година живее во Лос Анџелес, каде е во брак и има едно дете.