Болт ја скина ахиловата тетива на хуманитарен меч во Лондон (ФОТО)

Легендарниот атлетичар Јусеин Болт се здоби со тешка повреда на хуманитарен натпревар на „Стемфорд бриџ“ во Лондон.

Болт играше за светскиот тим против Англија, но ја скина ахиловата тетива, па ќе мора да паузира од спортски активности во следниот период.

„Ја скинав ахиловата тетива, но знаете дека сум голем борец“, кажа Болт.