Спортот во Сан Марино не е премногу развиен, па така екипите кои доаѓаат од државата немаат многу добри резултати, но една девојка Сара Сарти која се занимава со бодибилдинг се прослави поради нејзиното затегнато тело.

Атрактивната девојка има повеќе фанови на социјалните мрежи, отколку што има жители во Сан Марино. Сарти има околу 46.000 фанови на Инстаграм, додека државата има околу 33.500 жители.

Сара привлекува големо внимание преку социјалните мрежи, а најчесто на фотографиите ги покажува своите совршено затегнати нозе, како и задникот.