Бивш италијански репрезентативец имаше стравична сообраќајка, чудо е како преживеал

Поранешниот италијански репрезентативец Андреа Косу доживеа тешка сообраќајна несреќа во која како што пишуваат медиумите од Апенините, чудо е како останал жив, иако има тешки повреди, но е надвоr од животна опасност.

Според информациите Косу изгубил контрола над својот автомобил, по што удрил во заштитната ограза крај патот, а потоа од ударот неколкупати се превртело неговото возило. Тој дури и излетал од возилото при ударот, по што заработил многу скршеници и повреди на главата.

Сепак, лекарите за медиумите посочиле дека засега е надвор од животна опасност и дека состојбата е стабилна, но тој е на интензивна нега. Иако има сериозни повреди не е во план никаква операција, а „Кориере дело спорт“ денеска објави дека има подобрувања во состојбата.

Тој е поранешен фудбалер на Верона и Калјари, а пред три години реши да замине во фудбалска пензија.