Баба од Калифорнија патувала четири часа само за да се слика со – Нурмагомедов (ФОТО)

Баба од Калифорнија патувала четири часа откако чула дека УФЦ-ѕвездата Хабиб Нурмагомедов е во Лас Вегас, за да дојде и да направи една слика со нејзиниот омилен борец.

Нурмагомедов после 29 победи замина во пензија како непобледлив шампион, па беше еден од омилените борци во УФЦ меѓу граѓаните во САД; па така Неил Гонзалез решила да го искористи моментот за да направи слика со „дагестанскиот орел“.

Гонзалез, која има 66 години, патувала до Лас Вегас, па се појавила со парола „Хабиб, те молам застани да се сликаме“, пред седиштето на УФЦ во „градот на гревот“.

Кога шефот на УФЦ ја видел Неил, веднаш реагирал и ја споил со Хабиб, па на бабата ѝ се исполнила желбата.

„Да го запознаам него за мене е сѐ на светот. Не може со зборови да опишеш кога ќе запознаеш некој чиј огромен фан си“, рекла Гонзалез.