Бразилската одбојкарка Ки Алвеш привлече големо внимание на светската јавност по едно интервју во кое призна дека заработува дури 50 пати повеќе пари од разголени фотографии отколку од спортот.

Алвеш има 22 години и веќе трета сезона игра одбојка во татковината, но во меѓувреме пронајде начин како да заработи повеќе пари.

Со оглед на тоа дека изгледа заводливо, Алвеш реши да ги искористи своите облини и да добие над милион фанови, додека месечна претплата за нејзиниот профил на „Онлифанс“ чини 14 долари.