
Аматерска одбрана на Јунајтед: Џонс е целосно изгубен на теренот (ФОТО)
Навивачите на „црвените ѓаволи“ не може да бидат задоволни со настапите на нивната екипа. А дека нешто не е во ред во екипата покажува и една ситуација.
„Ѓаволите“ се обидоа да направат офсајд замка за противничкиот тим, а потоа Фил Џонс целосно се згуби на теренот. Тој следеше еден фудбалер на Шефилд и не гледаше каде се останатите соиграчи.