
Македонија ќе стиска палци на ждрепката: Само не Англија или Франција и без – балкански котел!
Македонија ќе има три подобро рангирани селекции од себе, но најголем проблем за скоро невозможна група за поминување и освојување на едно од првите две места кои водат на турнирот се великаните сместени во вториот барабан – Англија и Франција. Бидејќи во групата на носители се десетте најдобри селекции, тој што би ги добил „трите лава“ или „триколорите“, ќе го чека пеколен пат кој (пре)тешко би се поминал.
На црвено-жолтите ќе им треба многу среќа на ждрепката - од првиот барабан речиси да нема слаб противник, иако неатрактивно делуваат Данска, Унгарија, Швајцарија и Полска, ама сите извонредно силни и ако треба да се избере во моментов Полјаците делуваат и најпривлечни за противник и за надигрување во споредба со останатите.
Од вториот барабан Англија и Франција се најтешки, ништо полесни ни Србија, Австрија и Чешка, но посакувани би биле Финска, БиХ, Израел кои не се селекции од врвен калибар против кои не може да се игра.
Норвешка најмалку е посакувана од третиот барабан најмногу поради премиерлигашкиот тандем Мартин Одегард – Ерлинг Браут Халанд, а би било добро да ги избегнеме и Швеѓаните, Украинците, па и Албанија најмногу поради тензии, премногу политика...
Од петтиот шешир Словачка и Северна Ирска се најнезгодни, чии гостувања би биле тежок испит, а во ситуација кога ги има Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта било кој од нив би бил многу попосакуван.
Од шестиот, ако се најдеме во група со шест тима, кој ѝ да падне не би трбало да биде преголем залак.
Каков е распоредот на барабаните можен е тотален балкански котел во кој политиката, тензиите и можните навивачки судири ќе го стават фудбалот во втор план, а Македонија може да се најде во таква група со Хрватска од првиот, Србија од вториот, Албанија од третиот и Кипар од петтиот барабан.
ПРВ БАРАБАН
Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска
ВТОР БАРАБАН
Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска
ТРЕТ БАРАБАН
Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија
ЧЕТВРТИ БАРАБАН
Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови, Македонија
ПЕТТИ БАРАБАН
Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта
ШЕСТИ БАРАБАН
Андора, Сан Марино, Лихтенштајн
ГРУПА НА СМРТТА
Шпанија/Италија/Португалија/Белгија
Англија/Франција
Норвешка
МАКЕДОНИЈА
Словачка
ГРУПА ПО МЕРКА
Полска
Финска/Израел
Ерменија/Црна Гора/Исланд
МАКЕДОНИЈА
Гибралтар
Сан Марино
БАЛКАНСКИ КОТЕЛ
Хрватска
Србија
Албанија
Македонија
Кипар