
Дуелите со Грузија и со Бугарија ќе ги гледаме на МТВ!
Уредникот на спортската редакција во МТВ, Драган Николовски, сподели дека обезбедени се правата се пренесување на две последни средби од тековната сезона во Лигата на нации.
Досега натпреварите беа емитувани исклучиво на регионалната спортска ТВ-мрежа Арена спорт, иако домашните средби на Македонија ги слушавме со коментар на македонски јазик. Сепак, тоа е канал кој не е достапен на целата популација на Македонија, спротивно на националниот ТВ-сервис.
Македонија и Грузија играат во Тбилиси, утре од 18 часот, додека мечот со Бугарија е закажан за понеделник од 20.45. Тоа се последни две средби од нашата група во Дивизија Ц, пред кои Македонија го држи второто место, со седум бода, три помалку од Грузија. Постои шанса за да го освоиме и првото, но за тоа потребна ни е висока победа утре, во Тбилиси.