Еден од најдобрите фудбалери на Пандевци се пресели во – Сурдулица
Гамбиецот дојде во Академија Пандев од Графичар, филјалата на Црвена Звезда, чиј фудбалер беше по препорака на Дејан Станковиќ, тренерот на српскиот првак, па Маронг беше еден од најдобрите фудбалери во ланската историска сезона со второ место во Првата лига и изборен европски настап летово. Играше во двомечот со Лехија Гдањск, па сега се враќа во соседна Србија.
Со Радник Сурдулица потпиша двегодишен договор.