Ди Марија сѐ уште размислува за Јуве, ама прво чека да види понуда од Барса!

Аргентинската ѕвезда анхел Ди Марија кој се раздели со Пари Сен Жермен и е слободен фудбалер, отворено објави дека сѐ уште размислува за понудата на Јувентус која е единствена и конкретна, но според медиумите во Шпанија, сѐ уште чека на понуда и од Барселона пред да донесе конечна одлука.

Ди Марија наводно чека да види што Барса, која исто така е заинтересирана, но досега имаше мака со финансиите и финансискиот фер-плеј да види што ќе му понудат Каталонците, пред да пресече. Од Јувентус има двегодишен договор со опција за продолжување на соработката и седум милиони евра годишна плата.

„Јувентус е најголемиот клуб во Италија и ме посакува. Во моментов сѐ уште размислувам, но моментно сум концентриран само на одморот со семејството“, рече Ди Марија.

Барселона сѐ уште тактизира со понуда зашто нема конечен одговор од Осман Дембеле дали ќе ја прифати понудата за да остане или ќе си замине. За Дембеле е силно заинтересиран Челси, каде ќе добие повеќе пари, но и Французинот се мисли што да прави. Ако Дембеле остане, тешко дека Барса воопшто ќе испрати понуда за Ди Марија.