Тренерот на Милан во еуфоријата остана без златниот медал, ама - ќе добие нов!

Огромната еуфорија што синоќа владееше на стадионот на Сасуоло поради прославата на шампионската титула на Милан, која „росонерите“ ја потврдија со победа 3-0, го остави тренерот Стефано Пиоли без златниот медал.

На стратегот на миланезите му било иградено најсјајното одличје, кое е прво од ваков тип за 56-годишниот стратег, а за Милан прв трофеј во италијанската елита по пауза од 11 години.

„Ми го украдоа шампионскиот медал, некој во гужвата ми го скина од вратот. Разочаран сум и би сакал да ми го вратат“, изјави Пиоли.

На оваа негова молба веднаш реагираа од Серија А.

„Господине Пиоли, утре повторно ќе ви дадеме златен медал“, напишаа од лигата на Твитер.