Федерер сака да купи еден од најпрестижните турнири во светот

По долго време Роџер Федерер е повторно во центар на внимание, откако неговата менаџерска агенција „Тим8“ покажа интерес да стане газда на Мастерс-турнирот во Синсинати.

Тениската асоцијација на САД во февруари објави дека планира да продаде 93,8 отсто од акциите на турнирот, откако го купи Мастерсот во 2009 година за 12,5 милиони долари и од тогаш инвестираше околу 65 милиони долари.

Федерер е рекордер во Синсинати со дури седум трофеи, па сега би можел да стане и главен човек на турнирот.