
Шевченко: Растргнат сум дали да одам во војна или да помагам на друг начин!
Шевченко објави дека неговата мајка и сестра се во Киев, кој е под жесток напад во периферијата веќе шест дена.
„Толку сум горд што сум Украинец, зашто ова се многу тешки моменти за мојата земја, за моите луѓе, за моето семејство. Мајка ми и сестра ми сѐ уште се во Киев, а таму се случуваат страшни работи. Луѓе умираат, деца умираат, проектилите се насочени кон нашите домови. Мора оваа војна да прекине, мора да се најде начин тоа да се направи. Растргнат сум што да правам, да одам на фронт или да продолжам да помагам од тука од странство“, вели Шевченко.
Тој посочи дека многупати се обидел да го убеди мајка му и сестра му да заминат од Киев, ама...
„Мајка ми и сестра ми како и најголемиот дел Украинци одбиваат да си одат. Решени се да останат и да се борат за наша душа. Земјата е обединета, едни на други им помагаат. Семејствата делат храна со војската. Ова се најтешки моменти во историјата за Украина, ама луѓето се едни до други, желни за слобода, сакаат да ги одбранат своите домови. Имаме бегалци, потребна ни е хуманитарна и медицинска помош, храна... многу работа може да се направи од тука“, додаде Шевченко.