Македонија ЃП донесе и млад голман од Иран (ФОТО)
Станува збор за 20-годишен чувар на мрежата кој досега бил дел од младинскиот погон на еден од великаните на иранскиот фудбал, Персеполис и сега доаѓа како засилување во Ѓорче Петров. Хаџи Ага има 188 сантиметри и својата фудбалска кариера ја почнал во младинската школа на Персеполис, но бил дел и од младинските погони во генерациите до 17 и до 21 година на Саипа, пако и на Естегал во генерацијата до 19 години.
Иранецот е веројатно последно засилување, откако во Ѓорче Петров досега дојдоа Давид Атанаскоски, Годберг Купер од Италија, Кристијан Стојкоски од Работнички, а перманенте договор потпиша и еден од најдобрите фудбалери Сефер Емини, кој есеноска играше на заем во овој македонски прволигаш.