Заврши бајката на Олга Даниловиќ во Мелбурн 

Српската тенисерка Олга Даниловиќ доживеа елиминација во осминафиналето од Австралија Опен.

Откако во претходното коло ја совлада седмата носителка Пегула, утринава Даниловиќ загуби од 12. светска тенисерка Паула Бадоса со 0-2 (1-6, 6-7) и ја заврши својата бајка на првиот Гренд слем во сезоната каде го оствари најдобриот резултат во кариерата. Претходно, таа никогаш на Гренд слем турнирите не успеала да стигне подалеку од второто коло.

Својата шанса Даниловиќ ја пропушти во вториот сет кога два пати имаше брејк предност, сервираше за израмнување на 1-1, но не го искористи тоа. Бадоса успеа да се врати и во тај-брејкот славеше со 7-2.

Во четвртфиналето Шпанката ќе игра со Коко Гоф која беше подобра од Бенчиќ во три сета.