Манчестер јунајтед го позајми својот најголем талент во Глазгов Ренџерс

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед Амад Диало (19) сезоната ќе ја доигра во редовите на Глазгов Ренџерс. 

Крилниот напаѓач ќе собира искуство во шкотскиот шампионат. Во договорот помеѓу двата клуба нема откупна клаузула, бидејќи „ѓаволите“ веруваат во Диало и го сметаат за блескава иднина на „Олд Трафорд“.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска пристигна во Манчестер минатиот јануари од Аталанта за 25 милиони евра, трансфер кој може да го чини клубот и 40 милиони евра ако бидат остварени одредени бонуси.