
СКАНДАЛ: ТВ Алфа укина спорт, новинарите ги праќа на политички пресови!
Пред три дена на тројцата членови на спортската редакција, Перо Момировски, Наташа Станчиќ и Слаѓан Ивковиќ им е соопштено дека веќе не постои сектор спорт во телевизијата, а тие ќе бидат распределени во информативната редакција. Оттогаш нивните задолженија се да следат дневно-политички настани и прес-конференции, нешто што еднакво бесмислено како да прекомандувате професорка по македонски да предава биологија.
Ваквиот потег на директорот на ТВ Алфа, Јани Бојаџи е скандалозен самиот по себе, но и по своите мотиви. Во ТВ Алфа есеноска имаше неколкумесечно доценње со платите, па откако членовите на спортската редакција го искористиле своето легитимно право на штрајк, како и поголемиот дел од вработените во телевизијата - сега стигнува одмазда.
Освен лична пресметка, ваквиот потег нема друга видлива цел, ниту продуктивност во нечија корист. Тројцата спортски новинари не се единствените кои се жртва на чудните политики на раководството на ТВ Алфа, бидејќи пред истекот на 2021 година беше предвремено завршен работниот однос на близу десетина вработени со долгогодишен стаж. Случајно или не, сите се членови на синдикатот, единственото тело кое има правна и со закон загарантирана моќ да ги штити базичните права и интереси на работниците.