„Политиката не го победи Ѓоковиќ, туку здравиот разум - ова е срамота!“
Меѓу тенисерите кои се побунија против оваа одлука е Украинецот Сергеј Стаховски, кој имаше што да каже во одбрана на Ѓоковиќ.
„Многу тажен ден за историјата на тенисот. Тажно е кога политиката ќе го победи здравиот разум. Законот е ист за сите, но толкувањата се различни. Срамно е да се нападне еден човек поради неговите убедувања кои се разликуваат од другите“, напиша Стаховски на Твитер.
Украинецот учествуваше на Австралијан опен годинава во квалификациите за главната ждрепка, но не успеа да ги мине.