„Ѓоковиќ ќе ги урне сите рекорди, ама не значи дека е најдобар на сите времиња!“

Поранешниот петти светски рекет, Чилеанецот Фернандо Гонзалез, финалист на Австралија опен во 2007 година посочи дека очекува и верува дека најдобриот светски рекет во моментов Новак Ѓоковиќ ќе ги урне сите можни рекорди во тенисот, ама тоа нема да биде доволно за „титула“ - најдобар на сите времиња.

Ѓоковиќ веќе е рекордер по број на недели на АТП-листата, рекордер е по број на освоени Мастерси, има уште низа други рекорди, а моментно со по 20 грен-слем трофеи е израмнет со Роџер Федерер и Рафаел Надал. Гонзалес сега смета дека наскоро Србинот ќе ги насмине главните ривали и по број на освоени гренслемови.

„Пред десет години идејата дека некој може да освои десет гренсле-турнири беше неверојатна, а сега имаме тројца со по 20 што е – сјајно. И ако гледаме по број на слемови, мислам дека Новак ќе има најмногу, можеби ќе има и најдобра статистика, ама за мене има и други фактори кои решаваат кој е најдобар. Новаќ ги урива сите рекорди и изгледа дека ќе продолжи тоа да го прави уште низа години“, вели Гонзалез.

Тој тврди дека бројот на освоени гренслемови не е мерило за некој да биде најдобар на сите времиња.

„За мене е така, не може само да кажете, овој има најмногу трофеи и најдобар е! Може да изберете прво од тоа како секој од нив игра, а лично јас најмногу го сакам Роџер. Неговиот еднорак бекхенд, сервис-волејот, стилот на игра – тоа е класика. Кога го гледате Новак, впечатокот е дека никогаш нема да промаши, Рафа на пример трча насекаде, иако сѐ го боли. Така да тешко е да се каже кој е најдобар“, додава Гонзалез.