Мексико ги шокираше Американците во квалификациите за СП
Во екипата на САД немаше ѕвезди од НБА-лигата, туку најголем дел беа млади кошаркари, но имаше и поискусни кои повеќе немаат место во најсилната кошаркарска лига.
Третата четвртина го реши мечот, откако за само 10 минути Американците примија 31 поен и така тргнаа кон пропаст.
Единствена светла точка во САД беше поранешниот плејмејкер на Бостон, Ајзеа Томас, кој постигна 21 поен и 10 асистенции, додека кај Мексико најдобар беше Мендез Валдез со 27 поени.