
Бивша ѕвезда на Фенер и Бешикташ во престрелка убил еден, а ранил уште четворица!
Озтурк со пиштол убил едно лице, а четворица ранил заедно со уште еден свој пријател откако се случила престрелка со други лица и со најбизарна причина – се спречкале со нив во еден сообраќаен метеж.
Нема детали за тешкиот инцидент со еден смртен исход, освен дека после големата пресретлка, поранешниот фудбалер на двата истанбулски гиганти, како и екс-член на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен избегал од местото, но потоа бил фатен на друга локација откако полицијата го идентификувала.
Човекот кој го загубил животот е извесен Халил Ибрахим, кој според неофицијалните информации на турските медиуми правел скара со пријателите во непосредна близина на еден булевар, каде сообраќајниот метеж бил огромен, по што Озтурк сакал по друг пат да помине, ама требало да пресече низ местото каде што биле позиционирани развеселените лица предводени од Халил.
Така избил инцидентот во кој прво имало сериозна физичка пресметка, а потоа екс-фудбалерот откако со пријателот влегле во автомобилот и тргнале да одат кон предвидената дестинација, од возилото запукале кон Ибрахим и неговите пријатели.
Турската полиција за денеска најави дека ќе ги објави комплетните детали за тешкиот инцидент и ќе разјасни што точно се случувало.