ЕСПН направи рангирање на најдобрите кошаркари во НБА
На првото место според новинарите и експертите на американскиот медиуми се наоѓа Кевин Дурант од Бруклин и според нив тој е најдобриот кошаркар во светот во овој момент.
Втор на листата е МВП-то од ланското финале и актуелен шампион со Милвоки, Јанис Адетокумпо. Ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс е трет, додека најдобрите пет кошаркари ги комплетираат Лука Дончиќ од Далас и Стеф Кари од Голден Стејт.
Меѓу ТОП 10 имаше место и за МВП-то од регуларниот дел од сезоната Никола Јокиќ од Денвер, а по него следуваат Жоел Ембид, Демијан Лилард, Ентони Дејвис и Џејмс Харден.