Леброн Џејмс организира тим-билдинг викенд во Лас Вегас за Лејкерс
Тој се надева дека ќе успее да направи тимска хемија со новите соиграчи, бидејќи од ланскиот состав тука се само Ентони Дејвис и Тален Хортон Такер. Се вратија Ражон Рондо и Двајт Хауард, кои беа дел од шампионскиот тим во 2020 година.
Лејкерс имаат многу нови имиња како Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Тревор Аризан, Кендрик Нан и многу други играчи. Очигледно ќе им биде потребно време за воигрување, но Џејмс прво сака сите да станат другари па затоа ќе имаат мала дружба во Лас Вегас, каде исто така ќе одржуваат и тренинзи.
Џејмс веќе тренираше со Ентони и со Вестбрук во својот дом ова лето и полека почна да ја гради играта со овие две ѕвезди.