Димитриевски и Рајо Валјекано со триумф се враќаат од Билбао (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски не успеа да ја зачува мрежата во мечот против Атлетик Билбао, но и покрај тоа неговата екипа Рајо Валјекано освои три бода (2-1) на гостувањето во Баскија.

Гарсија по само пет минути игра им донесе водство на гостите, но потоа Атлетик Билбао израмни по автогол на еден од соиграчите на Димитриевски во 33. минута.

До крајот на мечот немаше премногу шанси ниту на едната, ниту на другата страна, но сепак во последната минута од дуелот Радамел Фалкао стрелаше за Рајо за триумф од 2-1.

На вториот меч кој се играше во истиот термин, Леванте загуби на домашен терен од Селта виго со 0-2.

Рајо Валјекано по шест одиграни меча има 10 бодови, додека Атлетик Билбао има девет.