Вардар и Динамо за договорија: Гурбиндо во Букурешт за 50.000 евра

Едуардо Гурбиндо беше најзвучното засилување за Вардар ова лето и потпиша тригодишен договор. Сепак, Шпанецот официјално си заминува од клубот и кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт. 

Романскиот клуб му платил обештетување од 50.000 евра на Вардар за трансферот на десниот бек, објавува романската телевизија „Дигиспорт“. Се очекува Гурбиндо да биде и во составот на тимот за натпреварот со ПСЖ, што се игра во четврток во Париз. 

Шпанскиот репрезентативец за медиумите во својата земја изјави дека бил незадоволен од Вардар, бидејќи не биле исполнети ветувањата пред да го потпише договорот. Тој не навлезе во детали за што точно се работи и дали причините за неговото заминување е од финансиска природа.