Вардар го разреши Симов, за в.д. тренер е назначен Никола Глигоров!

Вардар и Горан Симов договорија прекин на соработката, откако сега веќе поранешниот тренер со слаби резултати ја стартуваше сезоната во Втората лига. 

На местото на Симов, како вршител на должноста, е назначен Никола Глигоров, кој досега беше помошник во стручниот штаб.

Вардар слабо ја почна второлигашката сезона, црвено-црните имаат само четири од можни 12 бода и веќе заостануваат осум зад Силекс, кој им е најголем конкурент за враќањето во елитата.

За директен влез во Првата лига, потребно е освојување на првото место, додека второто носи место во баражот.