Мајк Џејмс потпиша богат договор со Монако

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс повторно ќе игра во Евролигата, откако вчера потпиша договор со Монако вреден 1,4 милиони евра.

Џејмс стана најплатен играч во Франција, а Монако доби одлично засилување со кое сака да биде поконкурентен во елитното кошаркарско натпреварување.

Американецот играше за ЦСКА Москва пред преселбата во Бруклин, а притоа во просек постигнуваше по 19,3 поени и 5,7 асистенции по натпревар.

Џејмс има богата кариера бидејќи играше уште за Панатинаикос, Њу Орлеанс, Феникс, Басконија, Хапоел, Загреб и Олимпија Милано.