Хулигани претепале навивач до смрт: Го турнале на под и го шутирале!
При тепачката меѓу хулиганите, 28-годишен навивач на мексиканскиот тим го загубил животот откако бил убиен со канта за ѓубре со која бил удрен во глава.
Додека беспомошното тело на навивачот било на подот, се вклучиле и други хулигани кои продолжиле да го шутираат, а набрзо избегале.
Освен несреќниот 28-годишен маж, со тешки повреди во болница завршиле уште двајца навивачи.