![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2021/09/16/157863-poketino-si-najde-opravduvanje-za-kiksot-vo-brizh-ne-sme-voigrani.jpg?itok=K_Y8WaL4)
Покетино си најде оправдување за киксот во Бриж: Не сме воиграни!
Тренерот на „светците“, по средбата си најде оправдување за ремито.
„Не сум среќен ниту од резултатот, ниту од играта. Дојдовме да победиме, а си заминуваме само со еден бод. Му симнувам капа на Бриж, кој заслужи реми. Потребно ни е време за да се вклопат сите работи во нашиот тим. Не сме воиграни, мораме да работиме напорно и да работиме подобор во продолжението на сезоната. Имаме одличен тим, но мораме да најдеме одбранбена и напаѓачка структура“, изјави Покетино.
ПСЖ нема премногу време на располагање за воигрување на тимот, со оглед што веќе во следното коло во ЛШ ќе игра на домашен терен против одличниот Манчестер Сити, а на домашна сцена в недела ќе го пречека секогаш незгодниот Лион.