Навивачите на Барса му се нафрлија на Гризман: Ти си виновен што Меси си оди (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона утринава пристигнаа во тренинг-центарот на клубот, а пред портите беа неколку навивачи. Тие му се нафрлија на Антоан Гризман. 

Кога влегуваше со својот автомобил во кампот, навивачите извикуваа, „ти си виновен што Меси си оди“. 

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Барселона е во очајна финансиска состојба па поради тоа не може да го регистрира новиот договор на Лионе Меси, кој сега си заминува како слободен фудбалер. Претходното раководство на Каталонците трошеше огромни пари на нови засилувања и им нудеше високи плати, а тие не вратија буквално со ништо.

Колку за потсетување, Барселона изминатите неколку години плати обештетување од 120 милиони евра за Антоан Гризман, потоа 140 милиони за Филипе Кутињо и 107 милиони евра за Усман Дембеле.