Папата Франциск ќе се моли Македонија да стане – европски шампион (ВИДЕО)

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, денеска прв го доби дресот со кој македонската фудбалска репрезентација ќе настапи на Евро 2021 и тоа со неговото презиме испишано на кирилица.

Предводникот на сите католици ги изненади присутните што знаеше сам да го прочита своето име на дресот, покажувајќи дека ја познава кирилица без разлика што е Аргентинец. Подарокот му го предаде претседателот Стево Пендаровски, барејќи од светиот отец со неговите молитви да им помогне на македонските фудбалери да станат – европски шампиони.

„Ќе се молам за вас со сето срце“, расположено одговори Папата.

Неочекуваната промоција на новиот дрес на Македонија донесе и шок во јавноста, со оглед што на првите фотографии делува дека е во бордо наместо во вообичаената бордо боја. Но, впечатокот може да лаже поради што се очекува неговото официјално претставување по што ќе се знае дали навистина се променети основните бои на дресовите со кои досега настапувале нашите фудбалери.