Загреб нема доволно здрави ракометари, Фленсбург без борба во четвртфинале на ЛШ
Европската куќа на ракометот (ЕХФ) инсистираше двата меча да се играат во Германија на 7 и 8 април, но Загреб нема да патува затоа што нема доволен број ракометари.
Некои ракометари мора да останат во самоизолација до утревечер, па теоретски имаа шанса за настап во вториот меч, но тоа нема да помогне затоа што хрватскиот тим не сакаше да настапи со јуниорите.
Загреб немаше ниту да се пласира во нокаут-фазата ако не беше пандемијата, зашто ЕХФ поради ковид-19 реши сите да играат во елиминациската фаза.