Столе вчера играл на свој ризик, во Данска ќе го менува Аларов

Стојанче Стоилов имал болки во грбот, поради кои нема да игра на реваншот со Данска, в недела, меѓутоа, селекторот Кире Лазаров откри дека тој и вчера играл со болка.

Проблемот го имал веќе некое време и можел да биде поштеден, но самиот побарал да игра против Данците.

„Јас му реков да не игра, но го знаете Столе, тој е борец, не се штеди“, прокоментира Лазаров на денешниот тренинг.

Замена за Стоилов ќе биде Михаил Аларов, 23-годишниот пивот на Пролет.

„Аларов се покажа добро во овие неколку дена на подготовките и тој е играч на кого ќе сметаме во иднина“, дополни Лазаров.

Репрезентативците ќе се упатат за Данска утре во 14 часот, со чартер-лет, а натпреварот во Алборг се игра в недела од 16 часот.