Барселона по продолженијата се избори за финале во Кралскиот куп (ВИДЕО)

Барселона славеше со 3-0 против Севилја по продолженијата и го анулираше поразот од 2-0 на првиот натпревар на „Санчез Писхуан“. 

Каталонците поведоа со голот на Усман Дембеле уште доста рано во натпреварот, поточно во 12-тата минута. Гостите од Андалузија можеа лесно да го решат пласманот во големото финале, бидејќи добија пенал во 73-тата минута. Сепак, Лукас Окампос не реализираше, односно Марк-Андре тер Штеген успеа да одбрани. Во судиското продожение Фернандо заработи исклучување поради втор жолт картон кај Севилја, а тоа домашниот тим го истористи во 94.минута.

Антоан Гризман центрираше од левата страна, а Џерард Пике погоди за 2-0 со што го однесе натпреварот во продолженија. Таму херој беше Мартен Брајтвајд во 95.минута и го постигна голот за прогрес во големото финале. 

Барселона таму ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Атлетик Билбао и Леванте, што се игра утре. По првиот натпревар одигра во Билбао резултатот е 1-1.