Колекционерска картичка на Лука Дончиќ продадена за рекордна сума (ФОТО)
Американците се луди колекционери, па руки картичката на Дончиќ синоќа се продаде за неверојатни 4,6 милиони долари.
Ова е апсолутен рекорд во САД во однос на колекционерските картички на кошаркарите. Претходно картичките на Јанис Адетокумпо и Леброн Џејмс беа продадени за 1,8 милиони долари, а онаа на Мајкл Џордан за 1,4 милиони долари.