Ивановски погоди од пенал за реми на Диосѓер
Ивановски влезе во игра во 72. минута од натпреварот, а 10 минути подоцна стрелаше од пенал за водство од 2-1 на неговата екипа, која не издржа до крајот бидејќи Фаркас ги постави конечните 2-2 во 87. минута.
Ова за Ивановски беше трет гол сезонава во унгарскиот шампионат, а неговиот тим е последен на табелата по 23 одиграни меча.