
Вест Хем влезе во „големата четворка“: Ливерпул во „аут“ (ВИДЕО)
Деклан Рајс од пенал во 41-та минута ја најави победата на „чеканите“. Дефанзивецот Иса Дијоп во 58-та минута заголеми на 2-0 за домашниот тим по одличниот корнер на Кресвел. Точка на победата стави Рајан Фредерикс во 96.минута.
Со оваа победа Вест Хем има 42 бода на четвртата позиција на табелата, додека Шефилд останува убедливо последен со 11 бодови.