Податок што годи: Само Меси е подобар од нашиот Барди во Ла Лига (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, вечерва, во триумфот на Леванте на гости кај Валјадолид (4-2) од Купот на Кралот, постигна прекрасен погодок од слободен удар, со што уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите во овој елемент во шпанската лига.

Статистиката вели дека од неговото доаѓање во Ла Лига, а тоа е сезоната 2017/18), само Лионел Меси има постигнато повеќе погодоци од слободен удар од нашиот интернационалец. За Барди ова беше седми погодок преку „живиот ѕид“ по потписот за Леванте со што сега е осамен на втората позиција на табелата, пред Дани Парехо.

Сите останати фудбалери во шпанската елита се зад македонскиот фудбалер.