Чиле е во потрага по нов селектор: Руеда си замина од клупата
Под водство на колумбискиот стратег, Чиле имаше слаб старт на квалификациите за Светското првенство. „Ла Роха“ моментално се наоѓа на шестата позиција со само четири освоени бода од четири натпревари.
Сепак, слабите резултати не се главна причина за разделбата, туку фактот дека Руеда доби понуда од својата татковина да ја води селекцијата на Колумбија. Се очекува тој наскоро да биде промовиран на клупата на оваа репрезентација.