Ла Лига ги казни Меси и Барселона за потегот во чест на Марадона
Меси го соблече дресот на Барселона и под него ја носеше „десетката“ на Марадона од времето кога легендарниот фудбалер беше дел од Њувилс Олд Бојс, по што ѕвездата на Барса доби жолт картон, а сега Ла Лига им изрече смешна сума на пари и – опомена!
Иако цел свет ваквиот потег би го простиле, зашто сите му одаваат почит на легендата поради која милијарди луѓе го засакаа фудбалот, сепак Ла Лига реши да изрече казни во кои Меси треба да плати 600 евра и плус доби опомена, додека Барселона ќе мора да уплати 350 евра.